Насловна / Архитектура / Ново седиште на ЕУ – „вселенско јајце“ од 321 милион евра

Ново седиште на ЕУ – „вселенско јајце“ од 321 милион евра

europa1

Мината седмица во Брисел беше претставено новото седиште на Советот на Европската Унија и Европскиот совет. Градбата, која колоквијално е наречена „вселенско јајце“ поради обликот на централниот дел, официјално е наречена „Европа“ и ќе служи за работа на овие институции со оглед на тоа што постоечката зграда Justus Lipsius се покажала како премала за моменталните потреби на ЕУ.

sediste-eu1

Постепеното преселување на двете институции во новиот објект ќе биде завршено следната година, а инвестицијата вреди 321 милион евра. Минатиот викенд 2000 граѓани имаа прилика да ја посетат завршената зграда и да имаат увид во сите простории пред тоа да го направат лидерите и министрите од ЕУ.

sediste-1

Централниот дел на објектот се состои од три простории за самити и средби од големи размери со над 30 кабини за преведувачи, кафетерија и околу 250 канцеларии. Изградбата на новото седиште е одобрена уште во 2004 година, кога е одлучено сите самити на Унијата да се одржуваат во Брисел, а не во седиштата на земјите членки.

europeanunioncouncilheadquarterinbrusselsphilippesamynandpartnersarchitectsengineersl

Со оглед на тоа што сегашната зграда Justus Lipsius, која е изградена во 80-тите години од минатиот век и која Унијата ја користи од 1994 година кога бројот на земји членки бил на половина од денешниот, морало да се размислува за обезбедување поголем простор.

sediste-eu-fasada3

Зградата „Европа“ е проектирана од конзорциум од европски архитектонски компании вклучувајќи ги Samyn and Partners, Studio Valle Progettazioni и Buro Happold. Нејзината изградба е во целост финансирана од буџетот на ЕУ. Архитектот Philippe Samyn користел  3.750 дрвени профили за прозорци на северната и источната страна од објектот, со цел да го промовира рециклирањето на материјали и да му оддаде почит на европското културно и занаетчиско наследство.

residence_palace_may_2013

„Зградата ʼЕвропаʼ е спој на модерното со историското наследство. Историјата на оваа зграда ни овозможува да зачекориме во историјата на Европа“, вели тој. Преку два пешачки моста зградата „Европа“ е поврзана со зградата „Justus Lipsius“, а во надворешниот дел се остатоците на некогашната резиденцијална палата која за време на Втората светска војна, додека Брисел бил под окупација, служел како нацистички штаб.

sediste-eu-fasada1 sediste-eu-fasada sediste-eubfasada2 sediste-na-eu-render largest-meeting-room-europa-building europa_building_eu_brussels_04 eu-hc-brisel

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top