Американската агенција за вселенски истражувања NASA на својата мрежна страница објави фотографии од Јужниот пол на Марс, којшто се смета за најстуденото место на „Црвената планета“.
На снимките е прикажана поларната капа, којашто била формирана поради зголемувањето на сувиот мраз, односно јаглерод диоксидот. Таа произлегува од јаглеродниот гас, кој во зимскиот период паѓа од атмосферата во вид на снег. Во студените периоди температурата на оваа точка од Марс може да достигне до минус 130 Целзиусови степени.
Снимките се направени со помош на камерата со висока резолуција HiRISE, којашто е инсталирана на орбиталната станица MRO.