Зборот барок е изведен од португалскиот термин со кој се означува бисер со неправилен облик (првобитно е употребуван во погрдна смисла). Долго е користен за да ја опише шареноликата палета на особености, почнувајќи од оние драматично нагласените, преку бизарните, па до една од карактеристиките на барокот – пренагласена украсеност.
Барокниот период и епоха во историјата на уметност, зачната во Италија во 17 век, а процвет на пошироко подрачје доживува во текот на 18 век (цит. Енциклопедија Британика).
На нашето подрачје сé поприсутен во свеста на архитектите и инвеститорите, станува на почетокот на 21 век.
За да одговориме на барањата на новата свест „Бирото на еволуција на нов концепт“ чии учесници се Ѓоко Радовановиќ, Никола Стрезовски, Caixiaoshan, Mace24DE, D_Monet, Duduman, изработија проект за центар на градот надвор од градот како административен објект кој во себе може да ги обедини сите барања за работен простор на постојните министерства и институции кои сé уште не се вдомени.
Објектот е лоциран на површина 220х260 метри или вкупно 57200м2. Целиот комплекс располага со 84720м2 активен административен простор.
Централната кула 35х35 метри, со висина на слеме 192 метри, со можност за поставување на антена со што би се зголемила висината на 226 метри, и така би станала највисоката зграда на овој дел на Европа. Поседува паркинг простор за 2200 возила или 4400 м2, на 6 подземни нивоа. Проектирана е да ги задоволи сите позитивни прописи и стандарди кои владеат кај нас и во исто време да ги исполни во потполност сите желби на инвеститорот.
Сложените форми, како и динамичното спротивставување и интерпретацијата на просторни целини избиваат во прв план како средство за интензивирање на чувството за барок во нашето време.
Биро на еволуција на нов концепт
Легенда:
1. За да одговориме на барањата на новата свест, направивме проект за центар на Скопје надвор од градското јадро. Замислен е како административен објект кој во себе може да ги обедини сите барања за работен простор на постојните министерства и институции кои сé уште не се вдомени, вели архитект Ѓоко Радовановиќ.
2. Според Никола Стрезовски, сложените форми и динамичното спротвставување на просторните целини покажуваат како членовите на „ Биро на еволуција на нов концепт“ го разбираат барокот на нашето време