Насловна / Форум / Младите архитекти се прескокнуваат кога се донесуваат одлуки

Младите архитекти се прескокнуваат кога се донесуваат одлуки

ana.jpg

Ана БОРАНИЕВА, дипл.инж.арх.


Проектот за обичниот граѓанин изгледа луксузно и раскошно. Всушност, тоа е и целта на визуелизацијата. Но, ние архитектите мораме да погледнеме подлабоко во сликата. Прво, никој не ја гледа инфраструктурата. Кога ќе се симнете на тлото не се гледа можност за мобилност. Второ, сé е сведено на некој минимум без да се земе предвид понатамошниот раст на градот. Трето, тука не се работи за реставрација, ниту за имитација, ниту за барок, ниту за неокласицизам. Се прави еден чуден хибрид.

Она што мене особено ме фрустрира е тоа што ние, младите архитекти треба да градиме на сцена која е веќе поставена. Ни диктираат што и како да градиме. Дури, ни поставуваат и услови во однос на стилот. Никого не го интересира мислењето на младите архитекти, тие постојано се прескокнуваат кога се донесуваат какви било одлуки за уредувањето на просторот.

Јас лично нема да учествувам на конкурс во кој ќе ми биде сугерирано како да изгледа објектот што треба да го проектирам. Тоа претставува навреда и за мене и за нашата професија.

Испрати коментар

Scroll To Top