Едно ново проучување покажало дека во Копенхаген бројот на велосипеди во градот е веќе поголем од бројот на автомобили. Градските власти имаат поставено над 20 сензори во централното подрачје кои ги пребројуваат велосипедите и кои изброиле дека во Копенхаген се возат 265.700 велосипеди, што го надминува бројот на автомобили кои изнесува 253.600.
Следењето на велосипедскиот сообраќај преку овие електрични сензори е само еден од аспектите на работењето на локалните власти за зголемување на употребата на велосипед во градот, кои се чини дека даваат резултат. Податоците покажуваат дека употребата на велосипеди е зголемена за 68% во последните 20 години.
Локалните власти на Копенхаген инвестирале околу 143 милиони евра од 2005 година наваму, само во поддршка на употребата на велосипеди во градска средина, со цел да го зголемат бројот на луѓе кои ќе го претпочитаат транспортот на две тркала.
Додека велосипедскиот сообраќај продолжува да се зголемува, со раст од 15% за само една година, движењето на автомобили бавно се намалува, со околу 1% годишно.