Денеска (1 декември), со почеток во 12 часот ќе се одржи свеченост по повод донација на уметнички дела, 24 слики од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир, под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“, во објектот Чифте амам, во Скопје.
По овој повод, по претставувањето во Виена, Австрија, Националната галерија на Македонија ја презема оваа колекција на уметнички дела кои претставуваат дел од најновиот творечки опус на уметникот Омер Калеши и да ги презентира на широката јавност до 6 декември.