Насловна / Екологија / Во Русија, амнестија и за активистите на „Гринпис“

Во Русија, амнестија и за активистите на „Гринпис“

switzerland-russia-greenpeace-protest.jpeg-1280x960
Русија  ќе го  примени  новиот  Закон за амнестија и кон активистите на „Гринпис“, кои беа приведени во септември. Портпаролот на оваа организација соопшти дека тројца обвинети активисти на „Гринпис“ биле информирани дека нема да бидат судени, но не ги соопшти нивните имиња. Активистите на „Гринпис“ беа уапсени при обид да преземат нафтена платформа на „Газпром“ во Арктикот.

Од уапсените 30 екологисти и членови на екипажот на бродот, 26 се странци. Иако за нив беше платена кауција  и беа ослободени од притвор минатиот месец, досега не можеа да ја напуштат територијата на Русија. Првично активистите беа обвинети за пиратство, но потоа обвиненијата им беа преформулирани во хулиганство.

Извор: Deutsche Welle

Испрати коментар

Scroll To Top