Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Заврши проектот за енергетска ефикасност во општина Велес

Заврши проектот за енергетска ефикасност во општина Велес

veles
Во периодот од јануари 2013 до јануари 2014 во општина Велес се спроведе проектот „Преку енергетска ефикасност до намалена емисија на јаглерод диоксид“. Проектните активности ги водеше Здружението за едукација, комуникација и консалтинг „ОХО“ од Скопје, а партнер на проектот беше општина Велес. Генерална цел на проектот беше намалување на климатските промени преку намалена емисија на CO2 во воздухот со  имплементација на мерки за енергетска ефикасност во неколку училишта во градот, и секако подигање на свеста кај граѓаните за рационално користење на енергијата.

Инаку буџетот  на проектот изнесуваше 53.352 долари од кои 25.966 се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а 27.386 долари се учество на општина Велес и Здружението за едукација, комуникација и консалтинг „ОХО“ од Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top