Насловна / Вести / Еден милион германски корисници на Интернет биле цел на планирано хакирање

Еден милион германски корисници на Интернет биле цел на планирано хакирање

Германскиот интернет-провајдер „Дојче телеком“ објави дека речиси еден милион германски корисници на Интернет биле цел на планирано хакирање, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според компанијата, повеќе од 900 илјади корисници на одредени модели на рутери, биле цел на хакерски напад во недела попладне, најголем дел од нив без можност да користат Интернет, а останатите со други проблеми при користење на услугите.hacker

– Веруваме дека врз рутерите било влијаено надвор од системот, се вели во изјава на „Дојче телеком“, додавајќи дека во него бил инсталиран софтвер кој спречувал поврзување на корисниците со мрежата на компанијата.

Откако експертите на „Дојче телеком“ го забележале нападот, сите корисници биле информирани веднаш да ги исклучат рутерите од мрежата.

Кибер криминалот во Германија е една од главните теми на дебата, откако непознати напаѓачи лани направија хаос во дигиталниот систем на Бундестагот, а во септември германските служби за безбедност открија дека софтвер за шпионирање бил инсталиран во компјутери на институции, партии и политичари.

Германија неколку пати досега предупреди дека софтверски напад контролиран од руски хакери, може да се очекуваат и за време на федералните парламентарни избори закажани за септември идната година.

Испрати коментар

Scroll To Top