Насловна / Вести / „Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирано“ од Наташа Милованчев во Прилеп

„Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирано“ од Наташа Милованчев во Прилеп

Вечер (25 ноември) во 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирано“ од ликовната уметница Наташа Милованчев.

Ќе бидат презентирани 21 дело, работени во комбинирана техника на хартија. Во овој проект станува збор за пресек низ визуелните наслојувања низ периодот 2012 – 2015 година, односно за своевидна синтеза на елементите во еден подолг истражувачки процес. Во нив како иконографска предлошка, стои во најавата за изложбата, авторката го варира присуството на еден мотив, што се јавува како метафора, како сублимирано-функционален, но и поетички знак во, и на просторот.natasa-milovanchev

„UNUS МУНДУС! Светот е еден, Исток и Запад се создадени дихотомии, линија на поделба и ориентација, точка на гледање и многу повеќе позиција за/на ? контрола. Истите се неразделни: мерливо и немерливо, апсолутно и релативно, намерно и случајно, активно и пасивно, црно и бело, тоа се само трансцендентални проекции на истото. Во реалноста околу нас, сликата на светот е отсечена, повторувана и преклопена. Значи, ако ги умножиме механички тие стануваат не-истоветното Исто. Низ динамичните, активни, напластени зони, доминира фрагментацијата, т.е. размножените секвенци во рамките на една слика. Со механичкото наспроти објектот, ја гледаме јасно механизацијата на предметот и нивната меѓусебна размена. Одбирајќи фрагменти од Истокот и Западот, низ процесот на реконтекстуализација, ги рециклираме истите, сакајќи да бидат повторно Едно“, е напишано за оваа изложба.

Наташа Милованчев е родена во Скопје, 1967 година. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, отсек проектирање во 1993-та, дипломирала на сликарски отсек на Факултетот на ликовни уметности во Скопје. Студиски патува во Site Internationale des Arts, во Париз, каде престојува во 1999 и 2005 година.

Учесник е на повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство. Освен со сликарство, се занимава со театарски и графички дизајн. Член е на ДЛУМ од 1994 година. Работи како доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top