Општина Центар ги повикува Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо реализираат мерки против енормното загадување.
Во моментов, меѓу другото и заради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се’, а ситуацијата со загадувањето е неподнослива.
Скопје и Тетово се повторно најзагадените градови во Европа. Ова треба да е врвен приоритет во моментов, одлагање не смее да има. Од општина Центар се надеваат дека градските власти и Владата ќе одвојат време и во најкус рок ќе свикаат итна вонредна седница.