Утре (24 ноември), во хотелот Мериот во Скопје, со почеток во 9.30 часот, еколошката младинска организација Гоу Грин Скопје во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје и Вилфред Мартенс центарот за Европски студии од Брисел, организираат меѓународна конференција на тема „Климатски промени и зелена економија – улогата на образовниот систем“.
Според организаторите, учество ќе земат политичари и граѓански активисти, министри, бизнисмени, професори и научници од регионот и Европската Унија, ќе дискутираат за климатските промени, обврските од „Парискиот договор“, состојбата со енергетскиот сектор, состојбите на секторот вода, и потребите на бизнисите, пазарот на труд и образовниот процес да се приспособат во процесот на „позеленување“ на општествата.