Доктор Фергус Симпсон, математичар од Институтот за космички науки во Барселона, истакнал дека постојат шанси од 0,2 проценти глобалните катастрофи да се случат која било година во текот на 21 век. Ова се базира на аргументот со кој се тврди дека е можно да се предвиди бројот на идните припадници на човечкиот вид на основа на вкупниот број родени лица до сега.
„Нашиот главен заклучок е дека годишниот ризик за глобална катастрофа во моментот преоѓа 0,2 %“, напишал доктор Симпсон во академскиот документ што има наслов „Апокалипса денес“. Според пресметките на доктор Симпсон, околу 100 милијарди луѓе веќе се родени, а отприлика исто толку ќе се родат во иднина пред човечкиот вид да изумре.
Ова е дури и оптимистички заклучок од претходните студии во кои британскиот астроном Мартин Риз сугерирал дека постои веројатност од 50 проценти дека човечкиот вид ќе изумре до 2100 година. Хипотезата на Симпсон следи неколку студии кои предупредуваат на апокалиптични ефекти на климатските промени.
Во ново истражување, пак, кое е објавено во списанието „Science Advances“, предупредува дека доколку луѓето продолжат да користат големи количини на фосилни горива, планетата би можела да биде на пат на глобално загревање за повеќе од седум степени Целзиусови, што би довело до катастрофални последици на човечката популација.
Истражувачите откриле дека климата може да биде многу почувствителна на ефектот на стаклена градина отколку што порано се мислело, а тоа навистина би значело крај на обидите да се спречи глобалното затоплување.