Насловна / Вести / Уметникот Зоран Попоски добитник на наградата Артслант

Уметникот Зоран Попоски добитник на наградата Артслант

Македонскиот ликовен уметник Зоран Попоски е добитник на деветтото издание на меѓународната награда Артслант, во категоријата нови медиуми.

Жирито составено од галеристи од Њујорк, Сан Хуан и Мајами, му ја додели наградата на Попоски за неговото глич-гиф дело „Борач“ (2016), базирано врз негов цртеж од серијата Теорија којшто е базиран врз мурал на Делакроа.artslant-prize-1

Артслант е светска уметничка мрежа со седиште во Њујорк. Попоски е единствениот македонски уметник добитник на оваа награда.

Наградата за Попоски доаѓа по неговото претходно успешно претставување годинава на уметничкиот саем Арт Базел Хонг Конг, најголемиот настан од областа на современата уметност во Азија и еден од најзначајните во светот, како и на еден од најголемите меѓународни фестивали за современа уметност во Централна Европа, АртСтејс во Словенија.

Зоран Попоски (р. 1974, Скопје) има изложувано на повеќе од 70 меѓународни изложби и фестивали.

Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк и докторирал студии на културата во Скопје. Во своите дела Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

Испрати коментар

Scroll To Top