Насловна / Вести / Јавна презентација на ДУП-от за месноста Острово

Јавна презентација на ДУП-от за месноста Острово

Се одржа јавната презентација на Детално урбанистичкиот план на општина Аеродром за месноста Острово.

Спорно за граѓаните е тоа што со новопланираните згради ќе се зголеми загаденоста.

Граѓаните реагираа што во новите измени на ДУП-от не се земени предвид нивните забелешки од последното презентирање на Дуп-от кога беше повлечен на доработка, туку повторно тој бил изработен за потребите на општината.aerodrom

На просторот покрај кејот на Вардар кај Фондот за пензиско осигуривање предвидено е трошните куќички да ги преземе инвеститор и на нивно место да се изградата две згради. Со новите измени наместо две ќе се гради една зграда за да не се земе земјиште од новопланираното училиште. Станарите што живеат во малите куќички прашуваат дали ќе бидат обештетени.

Во планот во месноста Острово, предвидена е изградба на нови згради, проширување на паркинзи како и ново училиште, но досега само 10 проценти од планираното е реализирано.

Детално урбанистичкиот план пред граѓаните ќе биде јавно презентиран 10 дена, минатиот пат во март кога беше на јавна презентација беше повлечен поради тоа што планерската куќа при уредувањето на просторот не водела сметка за пристапот до градежните парцели 21 и 22 преку секундарна улична мрежа, ракција од граѓаните тогаш имаше и поради тоа што во планот нема планирана нова зелена површина туку само згради.

Испрати коментар

Scroll To Top