Во јануари следната година, Google почнува со изградбата на приватен аеродром за потребите на своите менаџери од највисоко ниво. Проектот ќе биде финансиски покриен од самиот Google, и ќе чини 82 милиони долари и ќе се наоѓа на дел од постојниот аеродром Mineta San Jose International.
Според проектот, се планира изградба на терминал, главна зграда за duty free продавници и канцеларии, хангар и паркинг за авиони и паркинг со 300 места за паркирање на автомобили. Google планира да го изнајмува западниот дел на аеродромот во Сан Хозе во следните 50 години, а проектот ќе биде најголем пример на овој вид во светот.