Насловна / Арт и дизајн / Во мексиканската пирамида Кукулкан најдена уште една пирамида

Во мексиканската пирамида Кукулкан најдена уште една пирамида

Мексикански и американски археолози со помош на уникатниот метод на тридимензионална електротомографија дојдоа до изненадувачко откритие, пронаоѓајќи во внатрешноста на прочуениот пирамидален храм посветен на богот Кукулкан во Чичен-Ице уште една пирамида со помали димензии, соопштија научниците од инженерските студии при Националниот автономен универзитет на Мексико.kukulman2

Станува збор за веќе трето структурно откритие во Кукулкан, а за постоење втора пирамида во внатрешноста на храмот археолозите знаат уште од 40-тите годни на минатиот век. Димензиите на новооткриениот објект изнесуваат 10 метри во должина и 30 метри во широчина.

До ова откритие дошле истите научници кои една година претходно потврдија дека под пирамидата на Кукулкан постои подземно езеро со длабочина од околу 20 метри. Во 2015 година научниците со помош на тридимензионална електротомографија утврдија дека пирамидата во Кукулкан стои над езеро, или над подземна река.

„Третата внатрешна структура може да биде, всушност, збир од неколку помали структури во рамките на иста поголема структура, но засега точно не знаеме“, изјавил за порталот Terra, професорот по антропологија Џефри Брасвела од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Според археологот Денис Арготе, најмалата внатрешна пирамида може да датира меѓу 500-та и 800-та година од нашата ера, и се однесува кон периодот „чисти Маи“ кои го населувале полуостровот Јукатан.

„Доколку е можно во иднина да се проучи оваа структура, тоа ќе биде суштествено за да може да се зборува за првото население во оваа област и би дало сознанија како се развивала населбата“, смета Арготе.kulkuman12

Пирамидата на Кукулкан, позната и како „Ел Кастиљо“, се наоѓа во светиот град на древните Маи, Чичен-Ица на Јукатан, кој, како што се претпоставува, бил подигнат во VI век од нашата ера. Во XVI век, кога започнала шпанската колонизацијана на Америка, тој веќе неколку векови бил запуштен.

Пирамидата на Кукулкан, богот на ветрот и водата, огнот и воздухот, се смета за една од главните атракции на древниот град, кој во 1988 година беше ставен на листата на објекти од светското наследство на УНЕСКО. Сега тој е многу популарен меѓу туристите што го посетуваат Мексико, и годишно го посетуваат повеќе од милион луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top