Насловна / Градежништво / Гео-инженерски ден 2010

Гео-инженерски ден 2010

geoinzinerskiden.jpgКонференцијата
„Гео-инженерски ден“
претставува значаен настан
на подрачјето на компјутерско
потпомогнато проектирање
(CAD) во градежништвото,
архитектурата, урбанизамот,
геодезијата, комуналниот
инженеринг и иновативните ГИС
технологии.

Годинава, под мотото
„Македонскиот инженерски врв на
едно место“, овој настан се одржа
во Бизнис центарот на Скопскиот
саем. Предавањата беа поделени
на две тематски области: AEC-
архитектура, инженеринг и изградба
на објекти и GEO-геопросторни
технологии, геодезија, комунален
инженеринг, ГИС и интелигентни
сообраќајни системи (ITS).
BIM (Building Information Modeling)
беше црвената ниска на ГЕД 2010.
Според инж.Борис Ташковски од
ГеоЛИНК, се работи за еден нов
и трендовски деловен концепт
кој последните неколку години сè
повеќе се прифаќа и воведува во
фирмите вклучени во градежната
индустрија: архитекти, високоградба,
нискоградба, урбанисти, геодети
и геолози. Во слободен превод, на
македонски јазик го преведуваме
како Информациско моделирање
на објекти. „Концептот е толку
револуционерен, колку што беше
револуционерна замената на
рапидографот со PC компјутер и
првата CAD алатка во почетокот на
деведесетите години. Овој пристап
преку заеднички модел на идниот
објект, ги обединува сите учесници
во една градба (инвеститори,
архитекти, идејно решение,
проект, докумеgeoinzinerskiden2.jpgнтација, фабрикати,
набавка на материјали, кооперанти/
подизведувачи) со помош на
софистицирани програмски
апликации“ вели Ташковски.
Воведувањето на овој концепт
во организациите започнува
со убедувањето и неговото
прифаќање од страна на највисокото
раководство за стратешка деловна
определба. Тука не станува збор за
набавка и инсталација на некакви
„софтверчиња“ за проектирање,
со кои ќе бидат запознати само
компјутерски „најписмените“ во
организацијата, туку се работи за
комплексна промена во начинот
на размислување и досегашниот
однос и пристап до проектирањето
во обично некоординираните
инженерски тимови. „BIM моделот
не е ништо друго, туку 3D претстава
на физичкиот објект со сите негови
детали и информации за фазите
од изградбата, уште пред тој да
биде изграден. Ваквиот пристап
во проектирањето, кое сè повеќе
ќе го заменуваме со терминот
моделирање, дефинитивно ги
намалува трошоците на изградбата,
бидејќи повеќето проблеми
се воочуваат и откриваат уште
во фазата на подготовката на
моделот“ објаснува Ташковски.
Моделот е сочинет од повеќе
подмодели од различни дисциплини,
но секако е дека основниот
започнува со архитектурата.
Документацијата како производ на
проектирањето со овој концепт е
сведена на кликнување врз едно
копче. Нема повеќе макотрпни и
долотрајни корекции во неа, ако
инвеститорот посака измени во
проектот „пет-до-дванаесет“, или ако
се појават непредвидени ситуации
на терен – едноставно се корегира
моделот и заради взаемноста
која владее помеѓу сите негови
ентитети (параметарски врски,
информации за ограничувањата,
соседноста и сл.), документацијата
само се препечатува со сите измени
за кои се грижи апликацијата.
Хоризонталната оска на дијаграмот
означува време на животниот циклус
на објектот, од фазата на пред-
проектирање до фазата на изградба,
а вертикалната пак, количината
на напор или учинок потребни
за изработка на одделната фаза.

 

Зелената линијата (1) прикажува
еден типичен традиционален проект,
при што, како што се оддалечуваме
од идејното решение, преку
изработката на документацијата, па
сè до конструктивната – изведбената
фаза, јасно е дека влијанието врз
трошоците и функционалните
способности се намалуваат
Црвената линија (2) е инверзна
на првата: трошоците за каква
било измена сè повеќе и повеќе
растат како што се приближуваме
кон конструктивната фаза.
Црната линија (3) го прикажува
традиционалниот процес на
проектирање во кој се употребуваат
класични CAD алатки и каде фокусот
и енергијата на главнината на
проектните тимови е насочена во
изработката на документацијата,
но многу малку пак, откако
документација ќе биде испечатена
и запакувана. Ова значи дека секоја
измена во проектот во оваа, па дури и
во фазата на изведба ќе чини многу! Сината линија (4) го прикажува
посакуваниот процес на
проектирање. Во околина каде
повеќе дисциплини и деловни
чинители (инвеститори, архитекти,
изведувачи) се собрани заедно
уште во раните фази и каде се
поставуваат јасни цели, посакуваниот
пристап во проектирањето ќе
го помести вкупниот напор
порано во проектниот циклус,
каде се троши повеќе време за
донесување подобри одлуки.
На овој начин и соработка која
се темели врз информацискиот
модел (BIM) како катализатор,
изработката на документацијата
станува производ кој се добива
со обичен клик на едно копче.

 
geoinzinerskiden3.jpg

Воведувањето на BIM во една
организација треба да започне со
избор на консултант, кој најпрво
ќе ви препорача соодветна
технологија. ГеоЛИНК препорачува
да се користат следниве алатки од
произведувачот Autodesk: Autodesk
REVIT Architecture за архитектурно
BIM моделирање, Autodesk REVIT
Structure за конструктивна доработка
на архитектурниот BIM модел,
Autodesk ROBOT Structure Analyzer за
статички и динамички пресметки на
конструктивниот модел и AutoCAD
Civil 3D за BIM моделирање на
објекти од нискоградбата. Сите
овие алатки произведуваат (суб)
модели кои лесно се интегрираат
во еден модел. Воведувањето
понатаму продолжува со помош
на консултантот, што за вас ќе
изработи план за воведување,
ќе ја оцени и одбере носечката
инженерска група со чија помош ќе
се изработи првиот пилот проект
и ќе ви понуди образование за
работа со наброените алатки.
Своја презентација на „Гео-
инженерски ден 2010“ имаше и
проф.д-р. Тихомир Николовски од
Архитектонски факултет, советник
во Факом. Оваа фирма е една од
ретките во Македонија која е на
пат во целост да го имплементира
BIM/FIM концептот. Николовски
се обиде да даде одговор на
прашањето зошто овој концепт
е неопходен во компаниите.
Според него, со оваа платформа
се инволвираат сите заеднички
страни во реално време. Постои
градење на мултидимензионален
модел, кој освен двете димензии во
себе ја опфаќа и третата димензија
– простор. Проектирањето и
разработката се одвиваат паралелно.
Освен овие три, присутна е и
четвртата димензија – време, може
однапред да се определи времето
за изработка на производот низ
сите негови фази . Петата димензија
е проценка на трошоците, шестата
димензија – life cycle, седмата
димензија – заштита од пожари и
др. Други предности се: соработка
на проектантскиот тим во реално
време што придонесува за поголема
ефикасност и продуктивност, едноставно вршење на измени
во проектот, параметарски
дефинирани објекти. Концептот
овозможува алтернативен,
одржлив дизајн и можност
за подобрувања на проектот,
односно анализа при изведба.
Нема повеќе потреба од 2D работна
документација, производството е
програмирано, постои можност
и за проект за монтажа. Со ова
драстично се зголемува ефикасноста
и продуктивноста. Корекциите
на крајот се минимални.
Потоа се овозможува следење
и контрола на оформување на
физички геометриски модел.
Може да се изврши споредба на
проект и производ и да се изведе
виртуелна монтажа. Со ова, пробна
монтажа веќе не е потребна.
Постои едноставна размена и
конзистентност на податоци
меѓу инженери, комерцијалисти,
проектанти, производство и монтажа.
Фирмата може со 100% сигурност
да го понуди финалниот производ.
Со BIM/FIM концептот заштедувате
пари и сте поконкурентни на
странските, особено западно-
европските пазари каде овој
концепт широко е применет.
Во Факом имплементирањето на
BIM-концептот се постигнало за
една година. Според Николовски,
за воведување првенствено
треба да постои деловна одлука,
согласност од менаџментот и
раководството, материјални и
човечки ресурси и на крајот
посветеност на имплементацијата.
Факом за 2010 година има одвоено
инвестиции за софтвер од 210.00
евра, а до 2015 година вкупно
се предвидени 500.00 евра.
– Првиот стручен настан го
организиравме само 17 дена од
официјалната регистрација на
ГеоЛИНК како правен субјект.
„Гео-инженерскиот ден 2007“
беше еднодневен стручен настан
исполнет со многу промоции и
повеќе продажни презентации
на производите што ГеоЛИНК
ги дистрибуира во Македонија.
Имавме многу високи гости од
наши странски партнери: Autodesk,
CGS plus, Studio Ars, Magellan
Professional. Зошто овој семинар?
Јас, како идеен водач и креатор на
политиката на ГеоЛИНК, неколку
години соработував врз заеднички
проекти со фирмата CGS plus од
Љубљана, на словенечкиот пазар. По
завршувањето на мојот ангажман во
Словенија, ги пренесов искуствата,
знаењето и целата социјална и
деловна мрежа во Македонија. ГЕД
2007 беше всушност и промоција на
нашата фирма пред стручната јавност
– вели директорот Петар Ташковски.
Тие, задоволни од одѕивот на
ГЕД 2007, само неколку месеци
подоцна, во февруари 2008 год.
го организирале вториот стручен
настан во хотелот „Романтик“, покрај
велешкото езеро Младост. Оттука
и називот на настанот ГЕТД 2008
(Гео-инженерски технички ден).
Вториот семинар го посетиле вкупно
120 присутни, а потоа охрабрени
од одѕивот и заинтересираноста
на стручната јавност за нивните
производи, одлучиле ГЕД да прерасне
во конференција на годишно ниво.
„Економските прилики што го
погодија развиениот свет, а со тоа и
многу од нашите странски партнери,
ни ја попречија организацијата на ГЕД
2009 минатата година. Оваа година
ја почнавме успешно, ја отфрливме
мислата дека „некаде“ е криза и ги
убедивме нашите партнери дека
ако не ја направиме ГЕД 2010,
нема да имаме ни деловен успех во
2010. Autodesk е наш принципал
и секогаш генерален спонзор, но
за првпат ни успеа да мотивираме
уште 5 домашни спонзори и
медиуми “, кажува Ташковски.
За идните планови поврзани со
коференцијата, Петар Ташковски
вели: „Мислам дека ГЕД веќе стана
заштитен знак на конференцијата што
ја организира ГеоЛИНК. Дефинитивно
таа ќе биде традиционална и ќе
се одржува во месец мај секоја
година. Веќе за следната ГЕД 2011
знаеме дека локацијата ќе биде
Бизнис центарот на Скопски саем,
иако врвна по своите просторно-
технички капацитети, ќе ни биде
претесна и сме во потрага по нова
локација која ќе збере 300-400
посетители. Организацијата на
идната конференција ќе ја започнеме
уште наесен, кога ќе им упатиме
допис на многу други спонзори.
Тие и овојпат пројавија интерес
за учество, но се откажаа поради
ненавремената информација и
неможноста да ги пренаменат
нивните маркетинг средства.“ 

Испрати коментар

Scroll To Top