Насловна / Вести / Топ пет рециклажни материјали од рушењето на објектите

Топ пет рециклажни материјали од рушењето на објектите

recycle-reuse-and-rebuild

Трендот на рециклирање на градежните маретијали е во пораст. Само во последните две години, стотици илјади тони материјал се спасени од објектите при нивното рушење ширум светот. Еколошките предности на таквите рециклажни операции се очигледни! Секој еден тон материјал кој може да се рециклира, значи исто толкава количина помалку отпад на депониите, но пред сè тоа значи пониски трошоци на самото рушење или евентуално повторна изградба.

crane

Рачното рушење кај станбените објекти дава највеќе рециклажен материјал, но од друга страна, пак, бара доста време и напор. Генерално, без оглед на начинот на изведба на рушењето, придобивките се несомнени, па затоа постои   константна побарувачка на пазарот за рециклирани градежни материјали. Тоа е добитна комбинација за сите: инвеститорите имаат пониски трошоци за изградба, изведувачите поевтини материјали, а еколошките активисти се задоволни од намалувањето на количините отпад на депониите. Ова се топ пет градежни рециклажни материјали кои имаат највисока вредност во препродажбата.

Битуменска шиндра

bitumenska-sindra

Кога ќе заврши животниот век на покривот на еден објект, битуменската шиндра може да биде рециклирана за инфраструктурни проекти, како што е крпење на дупки по улиците. Од друга страна, пак, бидејќи овој материјал содржи сирова нафта, може да се користи како гориво во индустриски печки под услов да ги задоволува еколошките ограничувања за штетните емисии.

Дрво

drvo

Потеклото, убавината и отпорноста се особини кои рециклираните дрвени производи ги прават особено привлечни за архитектите и инвеститорите. Од рециклираното дрво може да се изработат панели, подови и сл., а може да послужи и како конструктивна дрвена граѓа кај новоградбите.

Челик

celik

Челикот е еден од најчесто рециклираните материјали на денешницата, од причина што не ги губи своите механички карактеристики и по рециклирањето. Рециклираниот челик се користи во нови згради, мостови, автомобили и сл., веќе 150 години.

Гипс-картонски плочи

gips-karton

Рециклажата на гипс-картонски плочи е еколошка опција не само поради намалувањето на количината на отпад на депониите, туку и поради фактот што гипсот исфрлен на депониите испушта сулфати во блиските површински или подземни води.

Стакло

staklo

Исто како челикот, и стаклото може да биде рециклирано повеќе пати без никакво намалување на неговиот квалитет. Еколошки свесните потрошувачи и компании се привлечени од стаклото бидејќи тоа навистина е „зелено“ – за секој тон стакло кое се рециклира наместо да се произведува, се чува еден тон природни ресурси.

Испрати коментар

Scroll To Top