Продажбата на нови станови во Република Српска имаше бум во третиот овогодишен квартал, а интересно е дека нивната цена значително падна наспроти зголемената побарувачка. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека во јули, август и септември се продадени 288 станови со вкупна површина од 17.008 квадратни метри. Во периодот јули-септември оваа година бројот на продадените нови станови пораснал за дури 65,5 отсто во споредба со истиот лански период.