Насловна / Архитектура / Копенхаген добива нова црква, прва по 30 години

Копенхаген добива нова црква, прва по 30 години

Новата црква во главниот град на Данска ќе биде мост меѓу културните и духовните активности на жителите на овој живописен град.

Архитектонското студио Jaja Architects, во соработка со Søren Jensen engineers, победи на конкурсот за идеен проект на црква, која ќе биде прва во Копенхаген од 1989 година. Предложеното решение е осмислено како еднокорабна структура изградена од бели тули, додека внатрешноста е целосно направена од дрво.kopenhagen-nova-crkva_11

Водата е интегрирана во проектот заради својата улога во христијанската вера, но и поради влијанието на непосредната околина во која се наоѓа пристаништето.

Проектот на студиото Jaja Architects има за цел да формира простор во кој ќе се воспостави рамнотежа помеѓу духовниот живот на човекот и урбаниот живот на целата заедница, пишува Designboom.kopenhagen-nova-crkva_06

Планот е црквата да биде на располагање на јавноста, за рекреација и дружење и кога религиозните церемонии не се одржуваат. Скалестата структура на објектот го повикува населението да се искачи на нејзиниот врв и да ужива во поглед на градот.kopenhagen-nova-crkva_03

Спиралното движење по скалестата структура на објектот овозможува влез во дополнителните содржини на објектот.kopenhagen-nova-crkva_02

Низата од канали е организирана преку целата скалеста структура на објектот. Од изворот на врвот на црквата водата ќе тече се до подножјето. Протокот на вода ќе станува подраматичен за време на посилните дождови, но неговото движење ќе биде контролирано.kopenhagen-nova-crkva_01 kopenhagen-nova-crkva_04 kopenhagen-nova-crkva_07 kopenhagen-nova-crkva_08 kopenhagen-nova-crkva_10 kopenhagen-nova-crkva_09

Испрати коментар

Scroll To Top