Утре (16 ноември), од 09.30 до 14.30 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Стручен форум на тема „Сеизмичка отпорност на градбите“.
Стручниот форум е во организација на Градежниот факултет од Скопје, Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје (ЗИМ), Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и Цементарница УСЈЕ АД Скопје – Групација ТИТАН.
Целта на Форумот е преку отворање дискусија помеѓу релевантната стручна јавност да се даде придонес и да се зголеми свеста во општеството за значењето на сеизмички отпорната градба во модерниот урбан начин на живот, а во стручната јавност да се отвори дискусија која дополнително ќе ги подигне стандардите и квалитетот и ќе одговори на потребите на модерното живеење.
На Форумот ќе бидат донесени заклучоци за исполнување на основните предуслови за квалитетна градба и сеизмичката отпорност на градбите во Република Македонија.