Металот развиен од страна на Boeing и HRL Laboratories, неодамна е награден со Гинисов светски рекорд како најлесен метал на светот. Металот е во суштина соеднинение на никел фосфат, кој има исклучително порозна структура слична на белодробдно крило.
Материјалот е 100 пати полесен од стиропор. Иноваторите објаснуваат дека клучна е фазата на производство во која со разни модификации може да се добие различна порозност и маса на материјалот, почнувајќи од карактеристики слични на алуминиумот, па завршувајќи со порозност на клетките кај белодробно крило.
Токму ваквата флексибилност овозможува овој материјал да се употребува во разни апликации, како на пример: термичка изолација, топлиноизменувачи, авионски крила, шлемови за војници, па дури и за понатамошни истражувања за развивање на вештачко белодробно крило.