Common Ground е изграден за само пет месеци со користење на бродски контејнери.
Без разлика дали сте љубител на шопинг и несекојдневна архитектура, трговскиот центар во Сеул дефинитивно е нешто интересно.
Трговскиот центар наречен Common Ground е дизајниран од страна на корејската фирма Urbantainer, и тие проектот од 5300 квадратни метри го осмислиле како систем од 200 транспортни контејнери.
Позициониран во централната градска четврт Gwangjin, Common Ground е дизајниран како експериментален проект со цел да се ревитализира овој неискористен дел од главниот град Сеул, пишува Inhabitat.
Примената на транспортните контејнери значително ги намалила трошоците за изградба, а монтажата траела само пет месеци. Контејнерите се поставени на три нивоа, формирајќи две главни целини, централен хол (Market Hall) и продавници (Street Market).
Market Hall е внатрешниот простор на трговскиот центар, додека Street Market атриумот на отворено, каде што се одржуваат изложби, перфоманси а за време на викендите и базари.
Common Ground има 17 продавници, 12 ресторани и кровна тераса на третиот кат.
Во согласност со неконвенционалниот дизајн на трговскиот центар и закупците на деловните простори се поалтернативни. Во Common Ground посетителите нема да најдат производи на големи брендови, но ќе бидат во можност да ги купат производите на нови дизајнери или на помалку познати брендови.