Многумина би биле изненадени од фактот што „најзелената“ зграда во светот е всушност манастир. Тоа е Holy Wisdom Monastery, кој ја доби највисоката оценка од Советот на САД за зелени згради. Објектот нуди паркинг за електрични возила, има достапен зелен покрив, фотоволтаиците задоволуваат 13% од сите енергетски потреби, 99% од отпадот се рециклира, има подови од бамбус, исклучително енергетски ефикасни прозорци и софистициран систем за следење на вентилацијата со надворешен воздух.
Извор: Energis