Најголемата онлајн продавница Амазон, доби дозвола за изградба на своите нови канцеларии во Сиетл. Објектот ќе биде составен од три стаклени куполи со дрвја и тропски билки. Проектот го изработи американската архитектонска компанија NBBJ. Куполите ќе бидат високи 30 метри, и под нив ќе работа 1800 работници, опкружени со висечки градини и цвеќиња.
Идејата е целиот комплекс да личи на голем стакленик, односно стаклена градина. Ваков концепт никогаш досега не бил применет за канцелариски простор. Но, намерата на Амазон е да создаде микро клима која ќе се разликува од сите стандардни ентериери во компаниите.
Извор: dezeen.com