Насловна / Архитектура / Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

Шармот на пасарелите кои го разубавуваат градот

sarmot_na_gradot.jpgГрадовите низ кои
поминува река, се убави
градови. Природата во
старт им дала убавина.
Реката, нејзините мостови
и шеталиштата околу неа,
секогаш и секаде, се меѓу
најатрактивните делови на
градот. Големите градови,
низ кои поминува река, на
пример, како што се Париз
или Москва, богати се со
многу мостови кои се дел од
нивната историја и традиција.

Скопје е еден од таквите
градови. Ја има среќата да
го има својот Вардар, кој по
своето течение, ја носи со
себе убавината и богатството
на природата. Скопје исто така
има свои стари, убави мостови.
Мостови кои зборуваат за
нашето минато, за нашата
историја. Во моментов се
гради и нов мост. Тој треба да ја
отсликува нашата современост
и да биде нем сведок на
идните генерации, за луѓето и
времето во кое е изграден.

 

Мојот живот покрај реката,
дрвеното мовче, поплавата,
регулацијата на Вардар…

Како личност која е родена во
Скопје, која ја имала среќата да
живее покрај река и првиот утрински
поглед во детството, да и биде во
водите на реката Вардар, чувствувам
посебна љубов и почит кон неа.
Сите игри во моето детство, беа
поврзани со просторот околу
реката, која ширеше спокојство и
мир. Главната релација на моето
движење, кон училиштето, беше
преку дрвеното мовче, кое се
наоѓаше пред стариот театар.
За време на поплавата во 1962
година, ја pasareli1.jpgзапознав и лутината на
реката. Враќајќи се од училиште,
од мојата гимназија Јосип Броз
Тито, тогаш лоцирана на обалата на
Вардар, во зградата позната како
Женска гимназија, пред моите очи,
надојдената река, се изли, а силната,
разулавена вода, моето убаво дрвено
мовче, го дигна нагоре и го однесе,
како да беше макета од картон.
Тогаш сфатив каква сила се крие во
енергијата на водата. Колку е значајна
и неопходна регулација на коритото
на реката. Вакви поплави се случуваат
ретко, можеби еднаш на сто години,
но сепак се случуваат. На пример,
Париз својата катастрофална поплава
ја доживеал во јануари 1910 година.
Една од најважните работи, која се
направи веднаш после земјотресот,
е регулацијата на Вардар. Реката
започна мирно да тече во своето
корито, градот стана сигурен од
поплави, а граѓаните го добија,
според мене, најубавото место во
градот. Можност да уживаат, пешачат,
трчаат, спортуваат… Погодокот беше
комплетен, жителите на градот ја
препознаа убавината на кејот. Денес,
тоа е едно од најфреквентните
и најубавите места во градот.
Во изминатите години, често пати
мислев на дрвеното мовче од моето
детство. Тоа претставуваше директна
врска со стариот Скопски театар,
со Калето, со левиот дел од градот,
која функционираше перфектно. Во
моите мечти, посакував да се обнови.
Некако го поврзував со обновата на
стариот театар. Посакував традицијата
да продолжи. Сликата на убаво
облечени луѓе кои поминуваат
по него, во вечерните часови,
одејќи на претстави во театарот,
беше многу романтична и жива. Ги
будеше моите заспани чувства и
ја претставуваше душата на градот
во нејзината најубава светлина.
Кога дознав за изградбата на
нов пешачки мост на Вардар, се
изненадив. Неговата форма и облик
се креација, но и одговорност на
неговите автори. Но тој, според
мене, не е на местото каде што
требаше да биде. Неговата изградба,
како и изградбата на сите овие нови
објекти околу реката, се плашам
дека ја намалуваат отвореноста на
просторот и загрозуваат еден голем
квалитет. Квалитет на отвореност,
кој ние, за жал, го добивме после
несреќата од земјотресот.
Во убавите градови за кои зборувам,
се внимава, просторот околу реките
да биде отворен. Течењето на водата,
чувството на раздвиженост што ја
носи и поттикнува реката, е убавина
што им припаѓа на сите граѓани.

 

„Simonе de Beauvoir“, изграден
во Париз, на почеток на XXI
век, во 2006 година

Воодушевување беше зборот со
кој можам да ја опишам мојата
прва средба со пешачкиот мост,
пасарелата Simonе de Beauvoir
во Париз. Тој го привлече моето
внимание од повеќе причини. Тоа
е еден од најубавите современи
мостови што може да ги замисли
имагинацијата на архитект кој ги
сака современите форми и изрази.
Едноставностa на функционалното
решение, конструкцијата, формата
и стилот делуваат совршено.
Австрискиот архитект Dietmar
Feichtinger, изработката на мостот ја
доби на конкурс во септември 1998
година. Почетокот на изработка на
плановите е во јуни 1999 година,
а почетокот на конструкцијата е
во јуни 2004 година. Мостот е
завршен во јуни 2006 година.
Пешачкиот мост, чија должина е
304 м, го поврзува новиот дел на
Париз, Bersy со Tolbiac. Составен е
од три пpasareli2.jpgатеки. Главната централна
патека води над реката Сена, а двете
секундарни патеки водат и над
градските патишта кои се наоѓаат од
двете страни на реката, поврзувајќи го
комплексот на Француската Народна
Библиотека со паркот Tolbiac.
Централното место на овој современ
комплекс и припаѓа на реката Сена,
која нè води во срцето на Париз.
Сена, која во центарот на Париз
има просечна ширина од 100
м, овде е широка 150 м. Два
постоечки моста на растојание од
700 м. го определуваат "Bassin de
Bersy". Новата пасарела се вклопува
извонредно во овој необично
отворен простор на Париз.
Пешачкиот мост, пасарелата Simone
de Beauvoir, ги прави архитектурата
и конструкцијата неразделни.
Премостувањето преку реката е
со единствен продолжен лак, без
внатрешна поддршка. Геометријата
на мостот ја прават два лака. Две
нежни форми, две вкрстени
арки, кои совршено одговараат
на постоечкиот амбиент, на
постоечката архитектонска околина.
Конструктивните арки се воедно и
пешачки патеки. Вкрстувањето на
патеките дозволува слободен лак од
194 м. Двата вкрстени лака прават
око, во централниот дел на мостот.
Тоа дава единствен простор над
водата, што претставува отворена
трибина за случувања на вода. Од
овде, од средината на лакот се
открива преубав поглед, кој води
кон славната Катедрала Notre Dame
и историскиот дел на Париз.
Материјалите што се искористени,
се современи. Подните површини
се обложени со дрво, со
избразден даб, кој не се лизга.
Оградата е од челична мрежа,
прицврстена со алуминиумски
гелендер. Осветлувањето е
вградено во самата ограда.
Изборот и прифаќањето на
современата конструкција и
материјали, се вклопува во
традицијата за изградба на Париските
мостови. Традиција според која,
за нивна изградба, секогаш да се
користи најсовремената технологија
на времето, во кое тој се гради.

 

Leopold-Sedar Senghor или
познат како Passerelle Solferino,
изграден во Париз, на крајот на
XX век, завршен во 1999 година

Неговата историја е долга и
интересна. Првиот мост кој бил од
железна конструкција, изградена
е во времето на Наполеон III, во
1861 година. Наречен е pasareli3.jpgSolferino
во чест на Француската победа
во Битката кај Solferino во јуни
1859 година. Со тек на времето
бил демолиран и обновуван во
1961 година и 1992 година.
Новата passerelle de Solferino е
повторно изградена помеѓу 1997
и 1999 година, под водство на
познатиот Француски инженер
архитект Marc Mimram. Овој
посебен метален мост, со својот
единствен архитектонски израз,
на својот автор, му ја донесе
награда за 1999 година. Реката
Сена е премостена со еден лак,
без столбови. Премостена е со
една елегантна лачна, современа,
метална конструкција, со должина
од 106 и ширина од 15 метри.
Материјалите што се користени за
неговата изградба се современи,
а пешачката патека е покриена
со егзотични дрва. Искористено
е бразилското дрво Tabebuias,
истото кое е употребено
и на надворешните подни
површини околу Националната
Библиотека на Франција.
На 9 октомври 2006 година
мостот доби ново име
Leopold-Sedar_Senghor,
по повод стогодишницата
од неговото раѓање.
Новата passerelle de Solferino
ги поврзува новиот обновен
Musee d’Orsay и прекрасниот
парк Jardin des Tuileries.

 

Pont des Arts или Passerelle des Arts,
на реката Сена, во Париз, (1984 г.)

Pont des Arts или Passerelle des Arts,
е првиот метален мост изграден во
Париз во времето на Наполеон I.
Изграден е помеѓу 1802 и 1804
година. Со тек на времето бил
оштетуван и обновуван, посебно
од бомбардирањата за време на
првата и втората Светска Војна, како
и од оштетувањата од шлеперите и
бродовите што поминуваат под него.
Сегашниот мост е изграден помеѓу
1981 и 1984 година, по плановите
на Louis Arretche, според кој
старите девет лака се редуцирани
на нови седум. Неговата должина
е 155 , а ширина 11 метра. Новиот
мост е завршен и предаден во
употреба, од тогашниот претседател
на градот Париз, Jacques Chirac,
на 27 јуни 1984 година.
Мостот се доживува како студио
на отворено. Понекогаш служи
како место за одржување на разни
настани, на разни уметници, сликари
и фотографи, кои ги привлекува
прекрасниот поглед на реката.
Passerelle des Arts е инспирација за
многу уметници, кои го спомнуваат
во своите книги, го снимаат како
мотив во своите филмови или
пишуваат песни за него, како што
е познатата песната на Georges
Brassens, Le Vent (Ветерот)

 

Љупка ДУКОВСКА,
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top