Парискиот договор за климата влезе официјално во сила денес. Документот беше усвоен во декември минатата година и за да влезе во дејство, требаше да се ратификува од 55 земји, на кои се паѓа удел од 55% од светските емисии на стакленички гасови.
Договорот од Париз има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на земјата со доста под 2 степени Целзиусови.
Деталите околу исполнувањето на мировниот договор ќе бидат разгледани на средба во Маракеш која започнува во понеделник, каде ќе се соберат претставниците на близу 200 земји.