Турскиот дизајнер Emre Yunus Uzun стои зад ова софистицирано дизајнерско масиче со име Perforé. Доаѓа во две различни големини, а се карактеризира со микс материјали од кои е направен, а тоа се популарниот и тренди мермер, металната конструкција и дрвениот додаток кој е во функција на еден вид полици за книги или списанија.
Севкупниот резултат е ненаметлива естетика која, пак, е идеална за надоградување, ако тоа е воопшто потребно, но она што е, секако, во прилог на ова масиче е неговата способност да се вклопи во речиси секој ентериерски стил.