Насловна / Ентериери / Диско ентериер со индустриски дизајн и со мотиви од џунгла

Диско ентериер со индустриски дизајн и со мотиви од џунгла

Во централното јадро на градот Ниш, отворен е Disco Jungle бар насловен ПРИНЦИП! кој го карактеризира индустриски дизајн.bugjevac-disko-vo-nish-5

Нишлиите добиле уште едно атрактивно место за ноќен провод, чиј проект го потпишува српското архитектонско биро „Архитектура Буѓевац“, пишува gradnja.rs.

Во прашање е диско бар поделен во две зони: делумно затскриена градина со високи седишта, и внатрешен дел за зимски периоди. Додека во ентериерот доминира ѕид со декоративна техника и името на просторот со големи кирилични букви, во градината централно место има муралот направен од уметникот Андреј Жикица Артеза, како и DJ пулт сместен на челична маса долга шест метри со масивни дрвени греди.

bugjevac-disko-vo-nish-1

Над столиците висат сајли на кои е закачено осветлувањето, што на посетителите им создава впечаток дека се наоѓаат во затворен простор.bugjevac-disko-vo-nish-2

Во екстериерот со индустриски стил доминираат материјали како што се бетон, дрво и тула, а оваа комбинација визуелно е „скршена“ со површините на маси од patchwork плочки.bugjevac-disko-vo-nish-10

Покрај интересниот ѕид со натпис ПРИНЦИП!, во ентериерот доминираат дрвените гредички во вид на вертикални полици, кои од таванот се спуштаат по ѕидовите, создавајќи простор за чување на вински шишиња.bugjevac-disko-vo-nish-3

Целиот амбиент е надополнет со надoграден спот на осветлување, како што се познатите „Том Диксон“ висечки светла над сепареата.bugjevac-disko-vo-nish-4

Лавабото во форма на бетонско корито поставено е централно во тоалетот, па може да му се пристапи од сите страни.bugjevac-disko-vo-nish-9 bugjevac-disko-vo-nish-8 bugjevac-disko-vo-nish-7 bugjevac-disko-vo-nish-6

Испрати коментар

Scroll To Top