Совршени ролерки во диско естетика претстави модната куќа „Сен Лоран“.
Девојките кои возат ролерки (или лизгалки) ќе бидат воодушевени со овој пар, кој е дизајниран како оние што сме ги возеле во детството.
Ролерки на „патики“ беше голем хит во 80-тите на минатиот век, а сега „Сен Лоран“ го претстави својот модел. Сребрените метализирани патики со црвени ѕвезди и со син детаљ одзади, се направени од убава кожа и монтирани на Krypto Impulse тркалца во бела боја. Цената за еден пар изнесува 995 евра.