Компанијата MidAmerican ќе затвори некои од своите централи на јаглен во текот на 2015 година, со оглед на се поконкурентната цена на енергијата од ветерот. Тоа го препозна и познатиот милијардер Ворен Бафет, па неговата компанија Berkshire Hathaway неодамна нарачала од Siemens AG ветротурбини со вкупна моќност од 1.050 MW чија вкупна вредност изнесува дури една милијарда долари.
Тоа е досега најголемата нарачка на ветротурбини, а истите ќе бидат инсталирани во сојузната држава Ајова. Овој потег само го потврдува лидерството на Бафет во оваа област, бидејќи компанијата MidAmerican која е дел од групацијата Berkshire Hathaway, е цврсто позиционирана на првото место во САД по производство на електрична енергија од ветер.
Извор: reciklirajte.me