Насловна / Вести / „ИКЕА“ планира да воведе еколошка амбалажа произведена од печурки

„ИКЕА“ планира да воведе еколошка амбалажа произведена од печурки

ikea-ekoambalaza-od-pecurki

Гигантот во индустријата за производство на мебел „ИКЕА“, ја најави можноста за воведување нов вид еколошко пакување на своите производи и комплетно исфрлање на традиционалниот полистирен. Новиот материјал ќе се произведува од коренот на печурките и носи со себе многу предности, како што се огноотпорност, конкурентна цена, лесно обликување и дизајнирање и сл. Најголемиот бенефит, секако, е фактот што не се добива со деривација од нафтата или храната, со што влијанието врз животната средина е минимално. Овој проект компанијата го развива во соработка со американската „Ecovative“.

ikea-ekoambalaza-od-pecurki1

Мултинационалниот синџир „ИКЕА“  има над 300 продавници ширум светот и е една од најбрзорастечките компании во последнава деценија. Нивната одлука да го заменат полистиренот со одржлива еколошка варијанта, може да помогне во поставувањето нови стандарди за индустријата во врска со одржливото пакување.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top