Годишното изборно Собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ ќе се одржи на 17 октомври (понеделник) во 15 часот во конференциската сала на ЈП државни патишта.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Формирање на собраниски работни тела:
- Определување записничар и двајца оверувачи
- Верификациона комисија од 3 члена
- Изборна комисија со 3 члена
2. Извештај за работата на УО на ААМ во мандатниот период и финансиски извештај
3. Претставување и обраќање на кандидат за нов претседател
4. Спроведување на избор на претседател и предложениот УО на ААМ
Според Статутот на ААМ, право да гласаат за избор на нов УО и претседател на ААМ имаат само членовите што ја подмириле членарината за 2016 година.
Mандатот на актуелното раководство на ААМ на чело со претседател на УО на ААМ, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ заврши.