Во понеделник (17 октомври), во 19 часот, во објект Чифте амам во Скопје, ќе биде отворена меѓународната групна изложба „Набљудување без набљудувач“. Изложбата е поставка составена од дела во кои како мотив и „објект“ се појавува присуството на човекот, телото, фигурата и телесноста, и нивните „модификации“ од аспект на уметнички промислувања и авторски перцепции. Самите дела, освен субјективниот контекст, ги изразуваат и социо-културолошките актуелности/опкружувања од кои овие „теми“ се извлекуваат и креираат.
Ино Зељак
„Тематската“ определеност на изложбата е на историчарите на уметност и куратори Дејан Буѓевац и Мира Гаќина, а поставката ја сочинуваат остварувања реализирани во последните години од страна на авторите: Мирна Арсовска (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Ино Зељак (Хрватска), Верица Ковачевска (Македонија/Швајцарија), Јулија Кран (Германија/Италија), Тијана Луковиќ (Србија, Белгија), Марија Ќалиќ (Србија) и Горан Шкофиќ (Хрватска).
Јулија Кран
Иако сосема различни по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик, изборот на изложените дела укажува на одредени заеднички нешта, а тоа е пред се, уметничкиот однос кон телото/фигурата како сложен сетилен и флуиден механизам испреплетен од различни сензации, перцепции, афекти и мненија, коишто никогаш не можат да бидат доволно минати и трајни, односно секогаш се сегашни…
Марија Ќалиќ
Горан Шкофиќ
Изложбата ќе биде поставена до 30 октомври.