Насловна / Вести / Ако сакаме да ја спасиме Земјата, треба да почнеме од Македонија!

Ако сакаме да ја спасиме Земјата, треба да почнеме од Македонија!

Во изминативе неколку години, луѓето почнаа да стануваат свесни за штетата што ѝ е нанесена на планета Земја. И покрај бројните напори на еколошките здруженија и еколошки посвесните граѓани, сепак, поголемиот дел од населението никако да се вклучи во промените за подобра животна средина.

За разлика од голем дел на земјите во светот, Македонија на темата екологија тапка во место, токму и затоа, според последните истражувања, се наоѓаме на дното на листата според нивото на еколошка свест, поточно на 73 место на листата на еколошки најчисти земји во светот, од вкупно 149 држави. Ова се доволно јасни информации, кои посочуваат дека граѓаните во Македонија имаат премногу ниска развиена еколошка свест.foto-za-porta3
Живееме во средина каде што никој не води грижа каде го фрла ѓубрето, односно тоа често се наоѓа до контејнерот за отпадоци или фрлено на улица, директно од автомобилот додека се возиме. Исто така, во последните неколку години сè поголем број дрвја беа исечени поради потребата да се изградат нови објекти. Како еден од посериозните проблеми се појавува недостигот на еколошки дозволи и еколошки стандарди на фабриките, како едни од најголемите загадувачи на воздухот, потоа сè поголемиот број на автомобили во градовите, прозводството на храна во еколошки загадени околини, итн.

Македонија претставува неразвиена земја во однос на енергетската ефикасност, односно има голем потенцијал за развој на зелени самоодржливи технологии преку искористувањето на потенцијалот на големиот број сончеви денови, брзите реки, големи ливади со силен ветер итн., меѓутоа, засега на тоа поле не се случува некој поголем развој.
Промената на навиките е тешка, но сепак мора да се почне од некаде, да не заборавиме дека неколку капки создаваат вир, а неколку вирови реки, реките мориња, а морињата пак океани, кои исто така треба да ги чуваме, како почвата и воздухот. Најинтересниот факт во целата оваа еколошка приказна е воодушевеноста на повеќето луѓе од хигиената на одредени странски градови, која наместо поттик за промена дома, кај повеќето предизвика моментално воодушевување, но многу малку размислување дека за да ја постигнат целта на почиста околина, во овие земји трудот е заеднички.foto-za-porta3-2

Нема органска храна без чиста околина!

Постојано ги слушаме коментарите од пријателите, колегите, нутриционистите, дека треба да се консумира здрава храна, органска, но никако да разбереме дека храната не може да биде ниту здрава, ниту органска, ако имаме толку големо ниво на загаденост. Грижата за нашето здравје треба да започне од нашиот дом, потоа нашето однесување во околината, соодветна грижа за отпадот, еколошкото воспитување на децата, однесувањето во канцеларија, едноставно, промена во начинот на размислување.SENEGAL WATER -  WORLD WATER DAY

Македонија на дното на најчисти земји во Европа

Во рамките на Европа, Македонија го зазема третото место на листата од позади, односно рангирана е на 37 место од вкупно 40 држави, а зад нас се само Романија, Украина и Молдавија. Водечко место на листата за најчисти земји во Европа зазема Швајцарија, додека од регионот на високо место се котираат Словенија на 15 место, Хрватска на 20  и Албанија на 25 место. Додатно на ова, главниот град Скопје минатата година беше прогласен за втор најзагаден град во Европа, што претставува застрашувачки факт.

Пишува: Соња Танеска Игнатоска, (поддржано од „Пакомак“)

 

Испрати коментар

Scroll To Top