Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, апелира до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да се среди хаосот со преполнетите контејнери, на што реагираат огромен број граѓани.
Чистењето и одржувањето на контејнерите е во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, јавно претпријатие под надлежност на Град Скопје.
„Јавно апелирам до градоначалникот на Град Скопје да го повика на одговорност својот директор, бидејќи хаосот со преполните контејнери е неиздржлив. Сите граѓани на Центар плаќаат пари за да имаат чиста околина, а не депонии пред своите домови. Контејнерите се во надлежност на ЈП ‘Комунална хигиена’, односно Град Скопје. Имаме безброј вакви случаи во нашата општина, барам веднаш да се преземат мерки и санкции“, стои во обраќањето на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, до Коце Трајановски.