Истражувачкиот и културен центар “Paläon”, проект на архитектонското студио Holzer Kobler Architekturen буди перцепција на постоење на бариера, камуфлажа, хиперреалистична апстракција на пејзажното опкружување. Рефлективната фасадна обвивка на објектот ги отсликува околните ливади и шумски пространства, како и движењата на облаците…
Вака илустрираната форма индиректно и суптилно ја претопува, интегрира целината во непосредниот пејзаж. Како експресивна архитектура и огледало на природата, објектот е дефиниран ориентир во просторот, медитирајќи помеѓу артифициелниот и природен пејзаж…