Веројатно најкултното и најпрепознатливо патување со воз е она на линијата помеѓу Москва и крајниот исток на Русија, односно со популарната Транссибирска железница, чија последна делница е заокружена пред точно сто години.
Железницата е пуштена во сообраќај во октомври 1916 година. Минува низ осум временски зони, а од главниот град до Владивосток патниците минуваат 9288 километри. На одделни места железницата се рачва со линии кои стигнуваат до Монголија и Кина. Многу патници ја одбираат рутата низ Монголија до Пекинг, а оваа линија уште е позната како Трансмонголска линија која е завршена и пуштена во сообраќај во 1950 година.