Европската Унија го ратификуваше Меѓународниот договор од Париз за климатските промени и со тоа е исполнет и вториот услов за негово влегување во сила на 7 ноември, соопшти синоќа словачкото претседателство со ЕУ.
Како што јави ДПА, целта на договорот е зголемувањето на температурата на планетата да се ограничи до 2 степена Целзиусови во споредба со прединдустриската епоха.
Договорот влегува во сила по исполнети два услова: Ратификувањето на 55 држави, кои се одговорни за најмалку 55 отсто од глобалните емисии на штетни гасови.
Парискиот договор досега е ратификуван од 62 држави.
Претходно вчера европските пратеници со големо мнозинство гласаа за ратификување на Парискиот договор – 610 гласа „за“, 38 „против“ и 31 „воздржан“.