Млад уметнички настроен пар сакал нивниот нов стан што подобро да го рефлектира нивниот начин на живот. Токму тоа и го добиле! Романското архитектонско биро Studio3plus доби задача од младиот брачен пар да направи проект за ентериер за стан на нова локација во Букурешт.
Резултатот е ентериер со современ стил, со акцент на уметнички детали, како што се мурали на ѕидот кои имаат двојна функција: естетска и функционална, бидејќи станот се дели на тивок и бучен дел.
Муралот го дизајнирале самите сопственици на станот, кои имаат многу искуство во графичкиот дизајн, пишува Freshome.
Дневната соба е еден вид мешавина на природни и индустриски детали. Паркетот доминира со целата просторија, а во иста боја била направена и кујната, која е составен дел на дневната соба. Визуелното одвојување на овие две простории е постигнато со држач за вино кој е изведен во гипс.
Со спалната соба доминира тапациран кревет и две висечки светилки кои им служат на домаќините пред спиење да можат да се релаксираат со добра книга.