Насловна / Вести / Изложба „За слобода и независност“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Изложба „За слобода и независност“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, утре ќе биде отворена изложбата „За слобода и независност“. На изложбата ќе бидат претставени 20 фотографии, а Центарот за култура ја реализира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп.marko-cepenkov

„Покрај убавината и естетиката, уметноста поседува и една посебна карактеристика која ја прави уште поуникатна. Тоа е способноста да поврзува, да зближува. Оваа изложба поврзува два народи кои историски можеби и никогаш не биле поврзани, но затоа пак делат исти истории и сведоштва од минатото. 23 октомври како датум е подеднакво значаен и за Македонија и за Унгарија. На овој ден во двете земји се празнува борбата и желбата за слобода и независност. Во Македонија 23 Октомври е празник на македонската револуционерна борба, а истиот ден во Унгарија се празнува унгарската револуција. На тој ден, пред точно 50 години, млади студенти, поддржани од своите професори и останати интелектуалци ја започнуваат револуцијата против тогашниот Советски Сојуз и комунистичкиот систем. Иако нивната радост траеше многу кратко, поточно 14 дена, сепак, гласот на оваа револуција одекна надалеку и беше насловна страница на тогаш а и денес светски најпознати медиуми“, стои во најавата за изложбата.

Од ЦК „Марко Цепенков“ велат дека во оваа изложба се вклучени и таканаречените херои од Буда, кои, како што велат, ги жртвувале своите животи за слободата на Унгарија.

„Со оваа изложба се надеваме дека уште повеќе ќе ги зближиме народите од Македонија и Унгарија, потсетувајќи ги дека и двата делат жална но многу богата историја“, стои во соопштението за изложбата.

Испрати коментар

Scroll To Top