Насловна / Вести / Нов модел за еколошките давачки за возилата во Хрватска

Нов модел за еколошките давачки за возилата во Хрватска

analiza-na-vozen-park-vo-hrvatska

Министерството за заштита на животната средина и природата во Хрватска, планира на Владата да и предложи зголемување на давачките за екологија за личните автомобили кои годишно поминуваат над 10.000 килoметри. Новиот надоместок се предлага да биде и варијабилен во зависност од поминатата километража и количината на емисии на јаглерод диоксид. Овие средства ќе се стават на располагање на Фондот за заштита на животна средина и енергетска ефикасност, со кои ќе се финансираат проекти за подобрување на квалитетот на воздухот.

soobrakjaj-hrvatska

Просечно, личните автомобили во Хрватска годишно минуваат 12.000 km,  од кои 75% се под границата од 20.000 km. Според многумина, ваков систем би бил поправеден од сегашниот во кој сите плаќаат подеднакво, без оглед колку ги користат автомобилите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top