На 3 октомври (понеделник), со почеток во 19.30 часот, во галерискиот простор на Национална галерија на Македoнија, објект Чифте амам, ќе биде претставен мултимедијалниот проект The Birth of a Nation.
Овој проект се состои од неколку видео проекции, и претставува последно и најново видео остварување на авторката Тања Балаќ.
Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот што не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него.
Кураторки на проектот се Алесандра Чианети и Ани Јаел Кван (Англија).
Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври, а видео проекциите секојдневно ќе се одвиваат во термин од 19.00 до 21.00 часот.