Насловна / Архитектура / Фасада изработена од градежен шут

Фасада изработена од градежен шут

fasadni-tuli-od-gradezen-sut

Тулите што се користени за формирање на фасадата на оваа куќа во Амстердам, се изработени од компактен индустриски отпад со вкупна маса од 15 тони. Кога двојката архитекти од компанијата Architectuur Maken, одлучиле да го проектираат својот дом помеѓу две веќе формирани целини во центарот на градот, решиле да ја вклопат фасадата од тули со оние на нивните соседи.Високата и тесна зграда, совршено се вклопува во својата околина, и формира тераса со објектите од нејзината лева и десна страна.

fasadni-tuli-od-gradezen-sut2

Тулите ги обезбедиле преку компанијата StoneCycling, која е специјализирана за изработка на тули од рециклирани материјали, во настојување да се искористи градежниот отпад за да не се оптоваруваат депониите. Start-up проектот го започнале поранешни студенти од Академијата за дизајн во Ајдховен, во 2013 година. Овој проект е првата практична примена на нивните тули од градежен отпад  „WasteBasedBricks“.

fasadni-tuli-od-gradezen-sut1

Компанијата преку овој проект враќа во повторна употреба 15 тони отпад во распон од керамика до стакло и глина, со цел да се создадат карамел – тонирани тули. Отпадниот материјал е собиран во радиус од 100 милји во околината на фабриката StoneCycling лоцирана во југоистокот на Холандија

fasadni-tuli-od-gradezen-sut4 fasadni-tuli-od-gradezen-sut3 fasadni-tuli-od-gradezen-sut5

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top