Насловна / Вести / Уште една метропола ќе го забрани сообраќајот за дизел возилата

Уште една метропола ќе го забрани сообраќајот за дизел возилата

seul

Главниот град на Јужна Кореја, Сеул, ќе го ограничи сообраќајот на дизел возилата во почетокот на 2017 година. Оваа мерка е дел од борбата на градот со растечкиот тренд на загадување на воздухот. Четвртата по големина економија во Азија, уште во текот на месец јуни оваа година, објави серија мерки за справување со загадувањето на воздухот, од кои најголем дел се однесуваат на намалување на концентрацијата на цврстите честички. Сега Сеул има амбициозен план да се приближи до нивоата за квалитет на воздухот на Париз и Лондон, и тоа во текот на една деценија. Забраната во Сеул ќе важи за сите дизел возила кои се произведени пред 2006 година. Понатаму, оваа мерка ќе се прошири на уште 17 градови во внатрешноста каде забраната ќе стартува во 2018 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top