Дизајнот на објектот наречен Upcycle House, е резултат на експериментален проект чија цел е да го истражи потенцијалното редуцирање на емисијата на јаглерод, преку примена на рециклирани и преработени градежни материјали. Во контекст на проектот, редукцијата на емисијата на јаглерод изнесува 86%, за разлика од онаа на секојдневните современи станбени домови.
Носечката структура се состои од два префабрикувани контејнери, додека кровната покривка и фасадното обликување се изведени од рециклиран алуминиум. Фасадните панели, изработени од преработена гранулирана хартија, се меѓусебно споени и истовремено функционираат како термоизолација. Подната обработка во кујната е изведена од соголена површина од плута, додека пак плочките во бањата се изработени од рециклирано стакло.
Завршната обработка на подовите и ѕидовите е изведена со поставување на OSB плочи, прикрепени меѓусебно без употреба на лепило.
Иако објектот е целосно изведен од рециклирани материјали, неговиот израз и функционалност соодветствува со секоја современа ќуќа изградена на конвенционален начин.