Компанијата Snapchat која го промени името во Snap Inc, ги претстави очилата за сонце со камера, кои се викаат Spectacles.
Станува збор за очила опремени со камера која овозможува снимање на видео од десет секунди, кое може да се испраќа до други уреди.
Основачот на компанијата и креатор на очилата, Еван Шпигел, изјави дека очилата се играчка, затоа што имаат мали можности од веќе присутните Google очила, Google Glass, кои се евтини и кои чинат 115 евра.
„Одејќи низ шумата, снимав видеа, кои подоцна ги гледав. Изгледаше како да ги гледам своите сеќавања во сопствените очи. Беше неверојатно.“, изјави Шпигел.