Насловна / Вести / На третиот конкурс за откуп избрани 44 визуелни дела и шест галериски скулптури

На третиот конкурс за откуп избрани 44 визуелни дела и шест галериски скулптури

На третиот конкурс за откуп на уметнички дела, кој Министерството за култура го распиша во мај годинава, избрани се 44 дела од визуелна уметност на 33 автори и шест скулптури од галериски формат од ист број автори. На конкурсот пристигнале 69 пријави за 178 визуелни уметнички дела и 17 пријави за 29 скулптури.

Делата за откуп се избрани од стручна комисија во состав: Викторија Васева–Димеска, Муамер Садику, Конча Пирковска и Маја Неделковска-Брзанова.otkup_na_dela

Со нив вкупно, од трите конкурси досега (2014, 2015 и 2016), откупени се 163 дела од 119 автори, а од буџетот се издвоени околу 22 милиони денари.

Се работи за една од стимулативните мерки во Националната стратегија за култура (2013-2017) чија цел е да ги збогати фондовите на националните установи од уметноста, како Музејот на современата уметност и Националната галерија на Македонија, да го поттикне домашното уметничко творештво и да го унапреди статусот на ликовните уметници.otkup_na_dela

Викторија Васева-Димевска, член на комисијата за избор на пријавените дела, истакна дека овој проект покажува дека се има желба, волја и почит за уметноста и уметниците во, како што рече, динамично и турбулентно време.

– Особено ме радува што овој пат имавме можност да ги разгледаме понудите од приватните збирки и галерии кои понудија завиден број квалитетни дела од основоположниците на македонската ликовна уметност и од постарите генерации македонски ликовни творци, со чиј откуп се задоволува дел од потребите на институциите од оваа област – музеите и галериите, рече Васева-Димевска.

Уметникот Антони Мазневски ја поздрави иницијативата на Министерството за култура која се реализира трета година. – Таа е од огромно значење за секој автор и за уметничкото творештво, особено затоа што сме општество со многу мал пазар за ликовната уметност. Тие дела ќе си добијат репрезентативен јавен простор, рече Мазневски.otkup_na_dela2

Директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова-Ќерими истакна дека благодарение на овој проект значајно се збогатил фондот на уметнички дела на НГМ – вкупно 34 од двата претходни конкурса.

Меѓу авторите чии дела се откупени на третиот конкус се: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Аврамов Пандилов, Ристо Лозановски, Миле Корубин, Димитар Кондовски, Драгутин Аврамовски- Гуте, Спасе Куновски, Танас Луловски, Глигор Чемерски, Александар Јанкуловски-Цане, Ана Темкова, Теофил Шулајковски-Тофе, Кирил Гегоски, Ванчо Георѓиев, Жанета Вангели, Благоја Маневски, Александар Станкоски, Милош Коџоман, Никола Иванов-Балтон, Трајче Николовски, Сергеј Андреевски, Решат Амети, Константин Качев, Синиша Кашавелски…, а автори на откупените скулптури од мал формат се: Станко Павлески, Власе Николески, Петар Хаџи-Бошков, Томо Бундовски, Антони Мазневски…

Испрати коментар

Scroll To Top