Насловна / Вести / Првиот патнички воз на водород ќе сообраќа во Германија

Првиот патнички воз на водород ќе сообраќа во Германија

voz-na-vodorod-germanija

Die Welt  јавува дека од следната година во Германија ќе почне да сообраќа првиот воз на погон со енергија од водород. Возот ќе биде пуштен на линијата Buxtehude-Bremervörde-Bremerhaven-Cuxhaven,  а решението се развива веќе две години од страна на француската компанија Alstom, која во моментот го промовира на берлинскиот саем InnoTrans 2016.

voz-na-vodorod-germanija1

Возот на водород, под комерцијално име Coradia iLint  работи користејќи резервоар со водород сместен на кровот, со цел погонување на горивните ќелии за генерирање на електрична енергија. Оваа технологија е пријателска за животната средина и многу поприфатлива во однос на возовите погонувани на дизел, а кои се уште се користат низ Германија. Тоа ќе биде првиот патнички воз со оваа технологија на поголемо растојание во рамките на една редовна линија. Со полн резервоар ќе може да помине 600-800 километри, а една од неговите врвни предности е ниското ниво на бучава, дури и при брзини од 140 km/h.

voz-na-vodorod-germanija2

За овој концепт интерес покажуваат и Холандија, Данска и Норвешка. Алстомовите инженери ја развивале оваа технологија најмалку 15 години-од проектна идеја до конечно техничко решение. East Japan Railway Company веќе изврши пробно возење на првото возило со водород, а во 2015 во Кина бил лансиран првиот трамвај на водород.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top